Ватерло- патување низ историјата

02.02.2014 16:34

Уште на самиот влез најголем впечаток остава монументалната градба на Кралската Црква Свети Јосиф ...

Посетата на Ватерло значи патување низ историјата. Уште на самиот влез најголем впечаток остава монументалната градба на Кралската Црква Свети Јосиф изградена уште во далечна 1690 година, која сеуште е отворена за верниците и за туристите. Веднаш спроти нејзе се наога познатиот Велингтон музеј – кој некогаш преставувал команден центар на сојузничката армија предвоена од Војводата од Велингтон во борба против Наполеон Бонапарта.
Во музејот денеска се наоѓаат документи, гравури, оружје и сувенири кои се однесуваат на позната битка на Ватерло, како и костимирани кукли во природна големина кој имаат за цел да ја престават автентичноста на тоа време. Инаку судирот на двете војски во кој загинале над 200.000 војници се одвивал на само 5 километри одовде.
 
Токму на ова место пред скоро 200 година се водеше една од најжестоките битки во Европа. Царската франсука војска под команда на Наполеон Боанпарта беше поразена од страна на Седмата коалиција армија составена од англо-сојузничката војска предводена од Војводата Велингтон.
 
Од почит кон загинатите изградена е и т.н. „Планината на Лавот“. Станува збор за рид во форма на пирамида создаден од земјата натопена со крв. Ридот –односно пирамидата е висока 43 метри и со помош на вкупно 226 скали се стигнува до нејзиниот врв на кој на пиедестал висок 5 метри се наога 31 тонската стауа на лав, со поглед насочен кон Франција.  
 
Овој монументален споменик е изграден 5 години после битката,  во 1820 година од страна на Холандскиот крал  Вилијам 1 , во спомен на неговиот син принцот од Оранж кој загинал во битката на Ватерло. На 4 километри одовде се наога куката во која последната вечер престојувал императоторт наполен Бонапарта.
 
Овие историски знаменитости секојдневно се посетуваат од страна на туристите од целиот свет.
 
„За нас е многу интересно бидејки, особено малдите можат да нучат за историјата на нашата земја“, вели еден посетител. „Прв пат доагам тука, има многу скали и многу сум уморен, многу е убаво“, додава друг. 
 
За посета на овие знаментиости дневната карта која се набавува во канцеларијата за туристи чини 12 евра. Инаку секоја година на 18 јуни се одржува симулација на битката во која учествуваат околу 1.000 статисти преставувајки ги војските на Бонапарта и Велингтон.
 
Марина Стојанова Тонева- постојан дописник за МТВ од Брисел