Денеска последен рок за пријавување субвенции за жито

31.10.2016 10:05

Денеска истекува рокот за пријавување на субвенции за житните култури предадени во преработувачките капацитети, односно мелниците. Оваа финансиска поддршка ќе можат да ја користат земјоделците кои имаат површини од 10 до 50 хектари со приноси повисоки од просечните.

Земјоделците производители на пченица, јачмен, сончоглед, ’рж и овес можат да поднесат барање за добивање дополнителна субвенција од 4 800 денари за хектар.

Услов е житото да биде произведено на површини од 10 до 50 хектари со сертифициран семенски материјал и да биде предадено во индустриските капацитети.

Исто така треба да се ожнеани и приноси поголеми од 4.000 килограми за пченицата, 3.000 за јачмен, ’рж и овес или 1.800 килограми по хектар за сончоглед.         

Барањата се доставуваат уште денеска по пошта или директно во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

 

Методија Трајков