Граѓаните имаат депозити од 3,5 милијарди евра
31.10.2016 10:23
Денеска е светскиот ден на штедењето, а според податоците на Народна банка, во домашните банки и штедилници граѓаните имале депозити од речиси 3,5 милијарди евра или за три пати повеќе од пред 10 години.

И покрај кризата, изминативе години штедењето на населението постојано се зголемува. Денеска е светскиот ден на штедењето, а според податоците на Народна банка, во домашните банки и штедилници граѓаните имале депозити од речиси 3,5 милијарди евра или за три пати повеќе од пред 10 години.
Во Стопанската комора на Македонија, Здружението за банкарство традиционално ќе ги врачи годишните награди на најдобрите шалтерски службеници. Отворена е и изложбата на детски цртежи на тема „Штедењето и хуманоста“.
