Австралија ќе им забрани влез на илегалните мигранти

31.10.2016 10:26

Законот што ќе биде доставен во Парламентот предвидува доживотна забрана за патување во Австралија на илјадници баратели на азил кои се вратиле во матичните земји.

Австралиските власти ќе му забранат влез на секој илегален мигрант кој се обидел со брод да стигне во земјата.

Законот што ќе биде доставен во Парламентот предвидува доживотна забрана за патување во Австралија на илјадници баратели на азил кои се вратиле во матичните земји.

Вакви мерки беа воведени и во 2013 година за луѓето кои со чамци и бродови пристигнуваа од Индонезија.