Лаворов ги критикува САД

31.10.2016 11:18

Лавров нагласи дека оние што сега ја напаѓаат Русија за воени злосторства врз цивили, убиваа невини луѓе во војната во Југославија.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги критикува САД за лицемерни обвинувања во однос на сириската војна. Лавров нагласи дека оние што сега ја напаѓаат Русија за воени злосторства врз цивили, убиваа невини луѓе во војната во Југославија.

„Агресијата врз Сојузна Република Југославија беше извршена со напади врз голем број цивилни објекти, вклучувајќи ја и телевизијата на Србија и мостови по кои минуваа патнички возови и многу други. Илјадници загинаа, стотици деца, милион бегалци, за кои никој оттогаш ништо веќе не спомна“, нагласи Лавров.