Шилегов одлучил тендер да добие бизнис парнер на Заев?

02.02.2014 17:03

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов одлучувал за тендери кои ги добивал бизнис партнерот на Зоран Заев...

Портпаролот на СДСМ Петре Шилегов одлучувал за тендери кои ги добивал бизнис партнерот на Зоран Заев. Дел од медиумите објавуваат документи кои покажуваат дека Шилегов како тогашен претседател на второстепената Комисија за јавни набавки во Владата на СДСМ одлучувал по жалбата на  Макпетрол испратена до Комисијата за набавка на екстра масло за потребите на струмичко училиште за сезоната 2005-2006.  Се објавуваат документи од кои се гледа дека Шилегов ја одбил жалбата на Макпетрол како неоснована, па така тендерот го добива фирма од Струмица чиј сопственик е Горан Крстев, бизнис партнер на семејството Заеви во фирмата “Сара Јавор Инженеринг” .Во изјава за МТВ Шилегов негира.
 
-Одлучуваат да понудат историја наместо да понудат одговори за медиумските скандали и коруптивните скандали коишто СДСМ ги обелодени пред македонската јавност. Очигледно немањето одговор за коруптивните скандали, придонесува за истите да се враќаат во минатото кои немаат никаква врска со прашањата што ја интересираат македонската јавност, изјави за МТВ портпаролот на СДСМ Петре Шилегов. 
 
Портпаролот на СДСМ  вели дека ова е уште еден евтин обид на власта преку своите медиуми да го сокрие криминалот во своите редови.