Демократите го обвинија шефот на ФБИ за прекршување на законот
ФБИ тврди дека податоците се поврзани со претходната постапка против демократската кандидатка која беше обвинета дека го користела приватниот сервер за време на мандатот за државен секретар во администрацијата на Обама.

Демократскиот лидер во американскиот Сенат го обвини шефот на ФБИ за прекршување на законот поради тоа што објавил јавно дека Бирото води истрага за електронска пошта, која е веројатно поврзана со Хилари Клинтон.
Претседателските избори се одржуваат за помалку од две недели, така што е мала веројатноста агентите да пребараат 650 илјади документи.
ФБИ тврди дека податоците се поврзани со претходната постапка против демократската кандидатка која беше обвинета дека го користела приватниот сервер за време на мандатот за државен секретар во администрацијата на Обама.
Случајот беше затворен во јули без поднесени тужби против Клинтон.
