Белград: На оружјето пронајдени отпечатоци од најмалку три лица
31.10.2016 14:17
Тој додаде и дека е утврдено каде е произведено оружјето и од каде било доставено. Стефановиќ посочи дека експертизите продолжуваат, но дека ќе биде многу тешко да се реши случајот.

Отпечатоци од најмалку три лица биле најдени врз оружјето, што беше откриено во близина на семејната куќа на српскиот премиер Александар Вучиќ, изјави министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ по завршената ДНК анализа.
Тој додаде и дека е утврдено каде е произведено оружјето и од каде било доставено. Стефановиќ посочи дека експертизите продолжуваат, но дека ќе биде многу тешко да се реши случајот.
Властите сметаат дека постојат две до три сценарија зошто оружјето било скриено во близина на домот на родителите на Вучиќ.
