Нападната зградата на ОН во западниот дел на Алепо
01.11.2016 10:48
Нема информации за евентуални жртви ниту пак за тоа кој е одговорен за истрелување на гранатата.

Тенковска граната ја погоди зградата на ОН во западниот дел на Алепо, оштетувајќи ги повисоките катови. Претставник на ОН во Сирија истакна дека организацијата остро го осудува засиленото насилство во Алепо, што доведе до смрт на голем број цивили, меѓу кои и деца.
Нема информации за евентуални жртви ниту пак за тоа кој е одговорен за истрелување на гранатата.
Во последните денови бунтовнички групи водат борби во западниот дел на Алепо, кој е под контрола на режимот, со цел да се обидат да ја пробијат блокадата во источниот дел на градот.
