ДИК: Увидот во избирачкиот список се одвива без проблеми

01.11.2016 11:25

За јавниот увид и за пријавување на граѓаните со спорни записи, отворени се 17 дополнителни канцеларии во општините кадешто ДИК нема свои подрачни одделенија или канцеларии.

Увидот во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември во подрачните одделенија на Државната изборна комисија и во канцелариите на општините, како и електронски, се одвива без проблеми, информираат од ДИК.

За јавниот увид и за пријавување на граѓаните со спорни записи, отворени се 17 дополнителни канцеларии во општините кадешто ДИК нема свои подрачни одделенија или канцеларии.

До вчера до 19 часот, увид во избирачкиот список  направиле 766 избирачи. Увидот трае  до 11-ти ноември на полноќ.

Досега за гласање од дијаспората се  пријавени 4.973 македонски државјани.