Вашингтон: Критики до Турција поради репресиите на опозицискиот печат

01.11.2016 11:50

Портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби изјави дека САД се длабоко возменирени од растечкиот притисок на властите кон опозициските медиуми и го осуди постојаното приведување новинари по обидот за преврат во Турција.

Владата на САД ги осуди репресиите врз слободата на печатот во Турција, откако турската полиција го уапси главниот уредник и други новинари на весникот „Џумхуриет“.

Портпаролот на Стејт Департментот, Џон Кирби изјави дека САД се длабоко возменирени од растечкиот притисок на властите кон опозициските медиуми и го осуди постојаното приведување новинари по обидот за преврат во Турција.

Во меѓувреме, висок претставник на Стејт Департментот изјави дека Турција има основа да тврди дека исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, е вмешан во неуспешниот обид за воен преврат на 15 јули.

Американскиот функционер, кој сакал да остане анонимен, истакнал дека постои основаност за обвиненијата на турските власти против Ѓулен, иако Турција нема доставено доволно докази за екстрадирање на проповедникот.