Невреме беснее низ Европа
Снежно невреме ги зафати Словенија и Австрија, додека во Италија, Франција и Велика Британија има поројни дождови и поплави. Во Словенија неколку десетици илјади домаќинства останаа без електрича енергија. На регионалните патишта има прекин на сообраќајот поради паднатите гранки искрешени под тежината на мразот.
Автомобил со две жени и едно девојче го однесе надојдената река во близина на Сиракуза, Сицилија. Во Италија уште од петокот владеат дождови во пониските места со обилен снег на Алпите.

Во Велика Британија превентивно беше распоредена, па потоа повлечена армијата. Поради опасноста од поплави, прогласена е вонредна состојба.