Ирачките сили навлегоа во периферијата на Мосул
01.11.2016 12:30
Ирачкиот генерал Ал Ариди истакна дека ирачките војници навлегле во квартот Гогџали и се наоѓаат на само 800 метри од квартот карама, кој е близу до центарот.

Ирачките сили навлегоа во периферните делови на Мосул и напредуваат кон внатрешноста на градот и покрај силниот отпор, што го пружаат борците од Исламска држава, кои го контролираат градот.
Ирачкиот генерал Ал Ариди истакна дека ирачките војници навлегле во квартот Гогџали и се наоѓаат на само 800 метри од квартот карама, кој е близу до центарот.
Коалицијата, предводена од САД почна да извршува воздушни напади врз позици на ИД во Гогџали.
