Се намалува бројот на малите и средни претпријатија

01.11.2016 13:09

Според експертите краток е нивниот век на постоење бидејќи не вработуваат стручен кадар, туку кадар за кој ќе добијат бенефиции.

Бројот на малите и средни претпријатија се намалува и покрај државните мерки за поддршка, велат економските експерти. Според нив, краток е нивниот век на постоење бидејќи не вработуваат стручен кадар, туку кадар за кој ќе добијат бенефиции.

Сметаат дека во образовниот процес задолжително мора да има и практична настава, која ќе биде со подеднаков број на часови како и теоретската.

За индустриската политика во Македонија, за системските мерки за поддршка на малите и средни претпријатија, како и за економски и социјални политики дебатираа унивезитетски професори.