Ски – скокови

Камил Стох господар на Вилинген!

02.02.2014 18:08

Полскиот скокач Камил Стох целосно го освои Вилинген и се промовираше во прв кандидат за олимписки медали. Големата скокалница во германскиот центар како да е направена за Стох кој триумфираше двапати за 24 часа. Денеска со скокови од 147 и 145 метри, но сега многу поубедливо и со 14 поени повеќе во однос на повторно вториот  Северин Фројнд од Германија. Како и вчера, трет беше Словенец, но не Јернеј Дамјан туку Петер Превц кој сега на второто место во генералниот пласман е во негатива од 13 бода зад Стох..

Полскиот скокач Камил Стох целосно го освои Вилинген и се промовираше во прв кандидат за олимписки медали. Големата скокалница во германскиот центар како да е направена за Стох кој триумфираше двапати за 24 часа. Денеска со скокови од 147 и 145 метри, но сега многу поубедливо и со 14 поени повеќе во однос на повторно вториот  Северин Фројнд од Германија. Како и вчера, трет беше Словенец, но не Јернеј Дамјан туку Петер Превц кој сега на второто место во генералниот пласман е во негатива од 13 бода зад Стох.. За 26 - годишниот Полјак ова беше 11 победа во Светскиот куп или четврта сезонава.