Полјаците сѐ повеќе заминуваат од Британија
Полјаците се изложени на напади на верска, национална и расна омраза, а најмногу на говорот на омразата. Еден полски мигрант беше брутално убиен, а неговиот пријател претепан, откако група тинејџери ги нападнале само затоа што зборувале на полски јазик.

Засиленото антиполско расположение во Велика Британија, особено во Англија, што се забележува по одлуката за Брегзит, ги тера полските мигранти да почнат да си заминуваат и да се враќаат во својата татковина, јавува Би-Би-Си.
Полјаците се изложени на напади на верска, национална и расна омраза, а најмногу на говорот на омразата. Еден полски мигрант беше брутално убиен, а неговиот пријател претепан, откако група тинејџери ги нападнале само затоа што зборувале на полски јазик.
Според последните податоци на британската државна статистика, во Велика Британија има 2,2 милион мигранти од ЕУ, од кои 800 илјади се полјаци.
