Љутфиу: За секој цент си има фискална сметка
Ревизорите утврдија дека минатата година Министерството потрошило над двесте илјади евра државни пари во луксузни хотели, ресторани, превоз, како и на плати за вработени, за што нема соодветна документација. Според министерот ниеден цент од министерството не е потрошен за злоупотреба, туку со причина.

Нормално е за еден министер да оди во ресторан со делегација од странство или со својот кабинет, смета министерот за образование и наука по извештајот на Државниот завод за ревизија. Ревизорите утврдија дека минатата година Министерството потрошило над двесте илјади евра државни пари во луксузни хотели, ресторани, превоз, како и на плати за вработени, за што нема соодветна документација. Според министерот ниеден цент од министерството не е потрошен за злоупотреба, туку со причина.
„За секој цент си има фискална сметка, има сметкопотврда што веќе се во ревизијата. Понатаму сигорно ќе бидеме по внимателни, како што знаете сега се и избори и не смееме да даваме многу изјави“, изјави Пиштар Љутфиу, министер за образование и наука.
Од Основното јавно обвинителство велат дека ревизорскиот извештај кај нив е стигнат пред два дена. Распределен е кај јавен обвинител и сега е предмет на разгледување и детална анализа. Доколу се утврдат елементи на сторено кривично дело тогаш обвинителството почнува постапка согласно со законските надлежности. Зависно од видот на кривичното дело се постапува според Законот за кривична постапка.
Државната ревизија најде службеници во Министерството за образование кои добивале плати иако нема потврда дека воопшто доаѓале на работа. За сместување во земјата за вработени во МОН и гости од странство се исплатени вкупно 14.000 евра без патни налози, најголем дел за сместување во хотели со 5 ѕвездички. 88.000 евра биле исплатени за гориво без налози за користење на автомобилите за службени активности. Се трошело и за ручеци по ресторани и тоа во износ од речиси 83.000 евра.
Ана Јосифоска- Тодоровска
