Средба Ципрас - Лавров во Атина
Сергеј Лавров е во грчката престолнина за да учествува во четвртиот Грчко-руски социјален форум во рамки на официјалната програма Грција-Русија 2016.

Билатералните односи во сферата на политичката соработка, економијата, енергетиката и инвестициите, проблемот со Кипар и случувањата на Блискиот Исток ќе бидат денеска во фокусот на разговорите на рускиот министер за надворешни работи во Атина со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Сергеј Лавров е во грчката престолнина за да учествува во четвртиот Грчко-руски социјален форум во рамки на официјалната програма Грција-Русија 2016.
Шефот на руската дипломатија ќе има средби со грчкиот претседател Павлопулос и со грчкиот колега Коѕиас. Со него ќе потпише програма за консултации меѓу Министерствата за надворешни работи на Грција и Русија за периодот 2017-2019 година.
