Истекува рокот за пријавуавање субвенции за млеко
До 5-ти ноември трае пријавувањето за добивање субвенции за сточарите кои го предале млекото од мај до септември оваа година. За литар кравјо, овчо и козјо млеко ќе се добиваат по 3,5 денари финансиска поддршка.

На млекопроизводителите и на живинарите им остануваат уште неколку денови за доставување барања за субвенции.
Ова се однесува за финансиската поддршка за произведено и продадено овчо, козјо и кравјо млеко и за набавените несилки во живинарските фарми за периодот од мај до септември 2016-та година.
Висината на поддршката за сточарите е 3,5 денари за еден литар предадено млеко во лиценцираните за откуп млекарници.
Барањата се поднесуваат по електронски пат. Рокот е до 5-ти ноември оваа година, а се аплицира во подрачните единици на Министерството каде што е регистрирано земјоделското стопанство или фармата.
До овој рок се поднесуваат и барањата за финансиска поддршка во живинарството за набавени несилки исто така од мај до септември.
За секоја купена несилка ќе се добиваат по 100 денари.
Методија Трајков
