Сообраќајот на Мелнички мост на патот Маврово- Дебар по една коловозна лента

02.11.2016 10:33

Исто така и делницата меѓу Бистренци – Корешница на регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница, од денеска до сабота ќе биде затворена за сообраќај ...

Поради изведување градежни работи, сообраќајот на магистралниот пат Маврово – Дебар, на Мелнички Мост, од денеска до понеделник ќе се одвива наизменично по една коловозна лента, соопшти Авто-мотосојузот на Македонија.

Исто така и делницата меѓу Бистренци – Корешница на регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница, од денеска до сабота ќе биде затворена за сообраќај за сите видови возила поради изведување градежно-асфалтерски работи.