Предвремено гласање во САД: Клинтон и Трамп речиси изедначени

02.11.2016 11:05

Демократите и Републиканците добиваат речиси ист број на гласови на предвременото гласање во 37 американски сојузни држави. Досега своето право на предвремено гласање го искористиле над 23 милиони од пријавените 50 милиони американски гласачи.

Над 23 милиони Американци веќе гласале на предвременото гласање во 37 држави. Една четвртина од пријавените гласачи веќе гласале во Флорида, Колорадо и Невада, а во Тексас бројот на заинтересирани за предвреме гласање е зголемен во однос на последните избори. На предвременото гласање најмногу својот глас го дале Латиноамериканците, а најмалку се заинтересирани младите Американци. 

„Го дадов својот глас како што сакав и повеќе не чуствувам притисок од чекањето“.

Требаше да станам во 5 часот наутро“.

„Не мислев дека ќе има голем одѕив“- велат гласачи од Хјустон, Тексас.

До веста за обновената истрага на ФБИ, гласале околу 18 милиони гласачи. Во 8 американски сојузни држави, гласачите коишто веќе гласале на предвремените избори може да го променат својот глас за кандидатот. Меѓу овие држави се и клучните Њујорк, Пенсилванија и Конектикат.

Викендов по веста за истрагата за и-мејловите на Хилари Клинтон од страна на ФБИ, забележан е помал одѕив на Афроамериканците во Северна Каролина. Предвреме, својот глас го даде и актуелниот претседател Барак Обама на гласачко место во Чикаго. До крајот на рокот за предвремено гласање на 4-ти ноември, се очекува да гласаат над 40 од пријавените 50 милиони гласачи.

На 8-ми ноември освен за претседател, се глса и за избор на сенатори, конгресмени, гувернери,а во главниот американски град дали Дистриктот Колумбија ќе стане нова сојузна држава.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ