Повеќе од 1.100 повторни потреси во Италија

02.11.2016 11:52

Големи штети има во регионот на Кастеланџело Сул Нера, каде што е речиси се разурнато.

Над 1.100 повторни потреси биле регистрирани во централна Италија по силниот земјотрес со интензитет од 6,5 степени според рихтеровата скала, најсилниот потрес во земјата од 1980 година.

Големи штети има во регионот на Кастеланџело Сул Нера, каде што е речиси се разурнато.

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети регионот вчера и вети дека владата ќе стори сѐ што е во нејзина моќ за да ги обнови населените места.