Асад очекува да остане на власт до 2021 година
02.11.2016 12:12
Во интервју за весникот „Њујорк тајмс“, тој изјавил дека исклучува било каква политичка промена во земјата пред завршувањето на воениот пат на конфликтот...

Сирискиот претседател Башар Ал Асад оценил дека ќе биде на власт во Сирија барем до 2021 година, и покрај граѓанската војна во земјата.
Во интервју за весникот „Њујорк тајмс“, тој изјавил дека исклучува било каква политичка промена во земјата пред завршувањето на воениот пат на конфликтот, додавајќи дека ќе остане на функцијата најмалку до крајот на својот трет седум годишен мандат.
Ги обвини САД дека е водечка сила која стои зад конфликтот во Сирија и дека активно ги поддржуваат терористичката организација Исламска држава и други екстремистички групи.
