ФБИ објави архиви стари 17 години за Бил Клинтон

02.11.2016 12:34

Федералното истражно биро објави архиви стари 17 години кои содржат документи за одамна затворена истрага околу тоа како бил Клинтон како претседател го помилувал Марк Рич, осуден финансиер во 1983 година.

Само неколку дена пред претседателските избори во САД, Федералното истражно биро објави архиви стари 17 години кои содржат документи за одамна затворена истрага околу тоа како бил Клинтон како претседател го помилувал Марк Рич, осуден финансиер во 1983 година.

Рич избегал во Швајцарија за да избегне гонење, а починал во 2013 година. Портпаролот на Белата Куќа Џош Ернест изјави дека не му е познато дека кој било од Белата Куќа е консултиран за тој материјал пред неговото објавување.