Франција: Четворица уапсени во немирите во Шамбери

02.11.2016 14:14

Судирите меѓу младите демонстранти и полицијата траеле скоро три часа, нема информации за повредени.

Четири лица биле уапсени минатата ноќ во местото Шамбери во француските Алпи, по уличното насилство во кое учествувале 30-ина луѓе на возраст од 15 до 20 години.

Судирите меѓу младите демонстранти и полицијата траеле скоро три часа, нема информации за повредени. Полицијата успеала да ја разбие групата демонстранти, по што на пожарникарите почнале да ги гаснат пожарите кои ги предизвикале насилниците.

При интервенцијата на полицијата биле уапсени четири лица.