Швајцарија: Четири лица уапсени во рација во џамија

02.11.2016 14:58

Меѓу нив бил и еден имам од Етиопија, кој наводно повикувал на убиство на муслимани, кои одбиваат да учествуваат во молитвите, што е пријавено во полиција.

Четири лица осомничени дека поттикнувале насилство биле уапсени за време на рација спроведена во три стана и една џамија во град во северна Швајцарија. Меѓу нив бил и еден имам од Етиопија, кој наводно повикувал на убиство на муслимани, кои одбиваат да учествуваат во молитвите, што е пријавено во полиција.

Швајцарската разузнавачка служба проценува дека од 2001 година 77 лица мотивирани од џихадот ја напуштиле земјата и заминале во зоните на судири, повеќето во Ирак и во Сирија.