„Југохром“ ги гаси печките
За утре е закажана седница на бодрот на директори на која ќе се донесе конечна одлука- што понатака со вработените во фабриката...

Комбинатот „Југохром“ од Јегуновце започна со гасење на печките, по вчерашната одлука на Државниот инспекторат за животна средина за престанок на работата на комбинатот, информира раководството на компанијата.
Процесот на гасење на печките ќе трае околу 24 часа, па така вечерва на полноќ сите печки ќе бидат вон функција. Ова малку ни ги поремети плановите за изградба на системот, но сметам дека ќе продолжиме со иститот капацитет како и до сега. Морам да потенцирам дека ќе претрпиме големи економски загуби со неработењето на комбинатот. За утре е закажана седница на бодрот на директори на која ќе се донесе конечна одлука- што понатака со вработените во фабриката, изјави за МРТ генералниот директор на „Југохром“, Васко Скендеровски.
