Пејсерс пресилни за Нетс, прекината е низата на Тандер
02.02.2014 23:06
Најдобрата екипа на Истокот и во лигата славеше со поен повеќе, во пресметката со најскапиот тим во НБА...
Најдобрата екипа на Истокот и во лигата славеше со поен повеќе, во пресметката со најскапиот тим во НБА. Вашингтон ја сопре Оклахома, со убедливата победа, 96:81.
Индијана го преслуша и Бруклин, заокружувајќи ја негативната серија на скапата руска играчка, на три врзани порази во седмицата што измина. Во победата на Пејсерс против Нетс, 97:96, Џорџ и Хиберт постигнаа по 20 поени. Кај поразените, Ливингстон имаше 24.
По 10 врзани триумфи, конечно и кошаркарите на Тандер се потсетија што е тоа пораз. Тревор Ариза ги предводеше победниците со 18 поени, на спротивната страна Кевин Дјурант стигна до 26.
Во натпреварот со најмногу поени на вечерта, Атланта забележа триумф против Минесота со 120:113. Перо Антиќ не игра поради повреда. Хокс имаат преку 100 поени на 9 натпревари по ред, на последните два бројат преку 120 (125 во триумфот против Филаделфија). Кевин Лав имаше 43 поени со 19 скокови, а Рубио дури 11 асистенции, што не им помогна многу на Тимбервулвс.
Сан Антонио победи против Сакраменто, со 95:93, во натпревар во кој што се издвоија Данкан кај победникот со 23 поени и Томас кај поразените со 26.
Мајами е повторно на вистинскиот колосек, со триумфот над Њујорк со 106:91. Леброн Џејмс постигна 30 поени, а очекувано Кармело Енрони имаше најмногу кај поразените, 26.
На другите средби:
Детроит – Филаделфија 113:96
Хјустон – Кливленд 106:92
Њу Орлеанс – Чикаго 88:79
Бостон – Орландо 96:89
Мемфис – Милвоки 99:90
Феникс – Шарлот 105:95
Портланд – Торонто 106:103
Клиперс – Јута 102:87
