„Леар“ го отвора производствениот капацитет во Тетово
03.11.2016 10:02
Водечкиот глобален набавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, најави дека ќе бидат ангажирани околу 2 илјади работници.

Во индустриската зона во Тетово се отвора новата фабриката на американската компанија „Леар“. Водечкиот глобален набавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, најави дека ќе бидат ангажирани околу 2 илјади работници.
За потребите на сите големи европски автомобилски производители, новиот објект на „Леар“ првично ќе вработи околу 300 луѓе, со познавања за кроење и шиење на кожа и ткаенина.
