Судир на два воза во Карачи, најмалку 17 жртви
03.11.2016 10:37
50 лица се пренесени во болница, изјави Семин Џамали, началник на ургентниот оддел во локална болница.

Два воза се судрија во пакистанскиот град Карачи, при што загинаа најмалку 17 лица, соопштија здравствените власти.
50 лица се пренесени во болница, изјави Семин Џамали, началник на ургентниот оддел во локална болница.
По несреќата, која се случила во близина на станицата Ланди, сите возови од и кон Карачи биле запрени.
