Франција затвора четири џамии поради радикална идеологија
03.11.2016 10:43
Прикривајќи се зад религијата, на тие места се одржуваат средби, чија цел е да и се даде поддршка на радикалната идеологија, се наведува во соопштението на француското МВР.

Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев наредил да бидат затворени четири џамии, за кои се претпоставува дека проповедаат радикална идеологија.
Прикривајќи се зад религијата, на тие места се одржуваат средби, чија цел е да и се даде поддршка на радикалната идеологија, се наведува во соопштението на француското МВР.
Засега не се открива за кои џамии станува збор, единствено се нагласува дека се наоѓаат во источниот, западниот и северниот дел на Париз.
