Турција се закани: Ќе го стопира договорот за бегалците
03.11.2016 12:01
Нашето трпение е при крај, изјави турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу во интервју за швајцарскиот весник „Ное Цирхер Цајтунг“.

Турција ѝ се закани на Европската унија дека ќе го стопира договорот за бегалците пред крајот на годинава, доколку Брисел наскоро не ги исполни барањата на Анкара и не ги укине визите за турските државјани за патување во Унијата.
Нашето трпение е при крај, изјави турскиот министер за надворешни работи Чавушоглу во интервју за швајцарскиот весник „Ное Цирхер Цајтунг“.
Турција според него реагирала на барањата на Брисел и подготвила измени на својот закон за борба против тероризмот, што ЕУ го постави како еден од критеримите за визна либерализација.
