Нов земјотрес ја потресе централна Италија

03.11.2016 12:55

Епицентарот бил на 50-ина километри југоисточно од Перуџа, на длабочина од 10 километри.

Нов земјотрес со сила од 5 степени според Рихтеровата скала, синоќа ја потресе централна Италија. Епицентарот бил на 50-ина километри југоисточно од Перуџа, на длабочина од 10 километри.

Италија последните денови беше погодена од серија земјотреси, од кои најсилниот беше од 6,6 степени по Рихтер. Сé уште нема извештаи за материјална штета.