„Југохром“ ги изгаси печките
Конечното решение за запирањето на работата на „Југохром“ треба да го донесе Владата. Од раководството на „Југохром“ додаваат дека нивни екипи ќе продолжат со изградбата на филтер-станицата, чиишто темели се веќе поставени.

Згаснаа печките на „Југохром“. Раководството на комбинатот постапи по одлуката на Државниот инспекторат за животна средина, кој донесе решение за исклучување на сите печки, поради непочитување на крајниот рок за поставување филтри на оџаците.
Конечното решение за запирањето на работата на „Југохром“ треба да го донесе Владата. Од раководството на „Југохром“ додаваат дека нивни екипи ќе продолжат со изградбата на филтер-станицата, чиишто темели се веќе поставени.
Со затворањето на комбинатот ќе останат без работа околу илјада работници.
