Лондон: Владата ќе мора да ги консултира пратениците за Брегзит

03.11.2016 13:39

Тоа значи дека владата на премиерката Тереза Меј не може самата да го покрене процесот за истапување на земјата од ЕУ. Засега нема коментар од Даунинг Стрит 10, но се очекува владата да поднесе жалба до Врховниот суд.

Вишиот суд во Лондон реши дека парламентот ќе мора да се изјасни за тоа кога владата ќе може да го покрене членот 50 од Лисабонскиот договор, за да почне процесот на напуштање на Велика Британија на Унијата.

Тоа значи дека владата на премиерката Тереза Меј не може самата да го покрене процесот за истапување на земјата од ЕУ. Засега нема коментар од Даунинг Стрит 10, но се очекува владата да поднесе жалба до Врховниот суд.

На референдумот 51,9 отсто од британците беа „за“ Брегзит, додека 48,1 отсто беа „против“.