Отоворена новата фабрика на „Леар“

03.11.2016 14:46

Инвестицијата тежи 15 милиони евра, а се простира на 12 илјади квадратни метри. Водечкиот глобален набавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, најави дека ќе бидат ангажирани околу 2 илјади работници.

Во индустриската зона во Тетово отворена новата фабриката на американската компанија „Леар“. Инвестицијата тежи 15 милиони евра, а се простира на 12 илјади квадратни метри. Водечкиот глобален набавувач на автомобилски седишта и системи за електрична дистрибуција, најави дека ќе бидат ангажирани околу 2 илјади работници.

„Ќе се вработат најмалку 2.000 луѓе како директни вработувања. Плус ќе има и многу индиректни вработувања. Кога се работи за ваков голем капацитет, тоа е вообичаена работа“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Груевски потенцира дека долго време се работело на донесувањето на оваа компанија во Македонија. На оваа инвестиција работел министерот Веле Самак, а првиот контакт бил направен во 2013-та година.

До сега веќе 500 луѓе работат, за два месеци од сега ќе работат 800, а вкупно е планирано да стигнат до најмалку 2.000 вработувања. Значи, 2.000 нови работни места за овој регион, и тоа само директни, плус индиректните. Тоа е сериозен инпут во намалувањето на невработеноста за овој полошки регион, рече Груевски.

Компанијата првично почна да работи на браунфилд локација во Гостивар со вработување на 300 лица, со познавања за кроење и шиење на кожа и ткаенина.