НБРМ: Раст на економијата од 2,3% годинава

03.11.2016 14:54

Како што соопшти на прес-конференција гувернерот Богов, за наредната 2017-та година се очекува растот да забрза и да достигне 3,5 проценти и во 2018-та година 3,7 проценти.

Раст на БДП од 2,3 насто проектира Народна банка за годинава. Се очекува закрепнување на економијата и нејзино забрзување во наредните две години. Според најновите ревидирани проекции, дефицитот ќе биде околу 2 насто. Стапката на инфлација се очекува да биде 0 проценти, наспроти априлската проекција од 0,5 насто, вели гувернерот Димитар Богов.

Како што соопшти на прес-конференција гувернерот Богов, за наредната 2017-та година се очекува растот да забрза и да достигне 3,5 проценти и во 2018-та година 3,7 проценти.

Растот на БДП годинава ќе биде помеѓу основното и алтернативното сценарио од априлската проекција при пониски остварувања кај инвестиции наспроти солидните остварувања кај личната потрошувачка и повисокиот извоз, рече Богов.

Носители на растот за годинава се инвестициите и извозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.