Ердоган: Германија стана „засолниште за терористи“

03.11.2016 15:10

Ердоган истакна и дека Германија долго време крие борци на Курдската работничка партија и на екстремистичката група Револуционерна партија и Фронт за народно ослободување.

Турскиот претседател Ердоган изјави дека Германија станала „засолниште за терористи“, обвинувајќи го Берлин дека не сака да екстрадира поддржувачи на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Ердоган истакна и дека Германија долго време крие борци на Курдската работничка партија и на екстремистичката група Револуционерна партија и Фронт за народно ослободување.

Изјавата на Ердоган следува по обвинувањата што вчера ги упати германската канцеларка Меркел, која ја критикуваше Анкара поради апсењето на главниот уредник на опозицискиот весникот „Џумхуриет“.