ЕБОР: 2,1% раст на македонската економија годинава
03.11.2016 15:49
За годинава ни се прогнозира позитива од 2,1 процент, додека за в година 3 отсто, движен од потрошувачката и од инвестициите.

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ги соопшти најновите проекции за раст на македонската економија. За годинава ни се прогнозира позитива од 2,1 процент, додека за в година 3 отсто, движен од потрошувачката и од инвестициите.
ЕБОР предупредува дека политичката ситуација претставува значителен ризик за економскиот раст на земјава.
