Последни подготовки за откуп на тутун

04.11.2016 10:09

Годинава десет претпријатија склучуваа договори за откуп со тутунарите. Со претходно добиените мостри монополите според законот стартот на откупот може да го почнат од средината на ноември или најдоцна до 15-ти декември.

Според пријавените договори што со тутунарите ги склучија од 10-те откупни претпријатија за реколта за 2016-та година се очекува да се превземат од 24.000 до 25.000 тони суров тутун што е за 5.000 тони повеќе од лани.

Тутунарите пак се повоздржани и сметаат дека годинава ќе има помалку и ќе недостасуваат скоро 3.000 тони, но се надеваат дека поголемата побарувачка ќе им донесе и поголема откупна цена и пореална проценка на класите.

Од лани пријавувањето и евидентирањето на површините со тутун се врши електронски за поголема контрола на откупените и на договорените количества.

Комисијата за изработка на мострите со кои ќе се одредуваат класите на тутунот на секоја вага до 13-ти ноември треба да ја заврши работата и да ги достави примероците до сите откупувачи по што откупот може да почне.

 

Методија Трајков