Анкара: Уапсени двајцата лидери на турските Курди
Турските власти ја обвинуваат партијата дека има врски со милитантната група на забранетата Курдска работничка партија, која во Турција, САД и ЕУ се третира како терористичка.

Двајцата потпретседатели на Курдската Народна Демократска партија синоќа биле уапсени, заедно со уште девет други пратеници на партија. Турската полиција извршила и претрес во просториите на ХДП во центарот на Анкара.
Турските власти ја обвинуваат партијата дека има врски со милитантната група на забранетата Курдска работничка партија, која во Турција, САД и ЕУ се третира како терористичка.
Курдската Народна Демократска партија за прв пат влезе во турскиот Парламент минатата година, откако на изборите освои 59 пратенички места, со што стана трета по големина политичка сила. Неколку часа по апсењето Турција го блокираше пристапот до социјалните мрежи „Твитер“ и „Ватсап“.
