Стапи во сила Договорот за климатските промени
Највисокиот претставник на ОН за климатски прашања, Патрисија Еспиноса го поздрави стапувањето во сила на договорот како потврда за борбата против глобалното затоплување.

Парискиот Договор за климатските промени и официјално стапи во сила. Со тоа околу 200 земји ќе треба да почнат со исполнување на своите планови за намалување на штетните емисии на гасови.
Највисокиот претставник на ОН за климатски прашања, Патрисија Еспиноса го поздрави стапувањето во сила на договорот како потврда за борбата против глобалното затоплување.
Договорот, кој е прифатен на конференција во Париз во декември минатата година, има за цел да го ограничи зголемувањето на просечната температура на земјата под два степена целзиусови во споредба со прединдустриската ера.
