Стејт Департментот објави нови мејлови на Клинтон

04.11.2016 11:30

Кандидатот на Републиканците за претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Клинтон и нагласи дека местото и е во затвор.

Стејт Департментот објави нови мејлови на кандидатката на Демократите за претседател Хилари Клинтон. Електронските писма биле откриени при истрага на ФБИ за користење приватен сервер на Клинтон при испраќање мејлови со доверливи информации во времето додека била државен секретар.

Кандидатот на Републиканците за претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Клинтон и нагласи дека местото и е во затвор.

Според извори на кои се повикуваат западни медиуми, малку е веројатно ФБИ да објави детали за истрагата пред претседателските избори во вторник.