Викиликс: Клинтон знаела дека ИД се финансира од Катар и Саудиска Арабија
Асанж се повикува на мејл, напишан од Клинтон на почетокот на 2014 година, бргу по заминувањето од функцијата Државен секретар на САД до претседателот на нејзиниот изборен штаб, Џон Подеста.

Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, како што покажува нејзината кореспонденција, знаела дека групацијата Исламска држава се финансира од владите на Катар и Саудиска Арабија, изјави основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во интервју за телевизијата „Раша тудеј“.
Асанж се повикува на мејл, напишан од Клинтон на почетокот на 2014 година, бргу по заминувањето од функцијата Државен секретар на САД до претседателот на нејзиниот изборен штаб, Џон Подеста.
Асанж напоменал дека најголемата вооружена зделка во историјата во вредност од 80 милијарди долари е склучена меѓу Саудијците и САД, додека Хилари Клинтон била државен секретар.
