САД во Европа ќе распоредат околу 6.000 војници

04.11.2016 12:42

Станува збор за третата оклопно-тенковска бригада од четвртата пешадиска дивизија, стационирана во сојузната американска држава Колорадо.

САД оваа зима во Европа ќе распоредат околу шест илјади војници, јави ТАСС, повикувајќи се на претставници во Пентагон. Дополнителната оклопно-тенковска бригада, која ќе биде испратена во Европа, се состои од четири илјади лица.

Станува збор за третата оклопно-тенковска бригада од четвртата пешадиска дивизија, стационирана во сојузната американска држава Колорадо.

САД ќе распоредат во Европа уште 1.750 војници од десеттата авијациска бригада од десеттата планинска дивизија.