Метеорити во олимписките медали во Сочи

03.02.2014 08:36

Русија издвои парченца од метеоритот што падна лани во Чељабинск...

Русија издвои парченца од метеоритот што падна лани во Чељабинск и ги вгради во специјални медали што ќе бидат доделени на  10 шампиони на Олимписките Игри во Сочи на 15-ти февруари. Парченцата се од метеоритот кој се урна во езерото Урал, во централна Русија, пред една година. 
 
Кога се урнал астероидот, произвел експлозија еднаква на половина милион килограми ТНТ, а тресокот бил регистриран двапати на планетата.Во областа Чељабинск беа повредени над илјада луѓе.
 
Исто така, 40-на медали со вграден метеорит ќе им бидат продадени на приватните колекционери. Посебните медали ќе имаат заштитна облога од никел, а ќе бидат украсени со злато и сребро.
 
На зимската Олимпијада во Сочи ќе бидат доделени вкупно илјада и четиристотини медали.