Заев се сретна со европратеничката Фајон
Фер и демократски избори за 37 дена и легитимно призната влада. Поубав живот за граѓаните во Македонија, младите да останат во својата држава. Ова го порачаа лидерот на СДСМ Зоран Заев и европратеничката на социјалдемократите Тања Фајон. Заев најави дека до утре ќе се знае првичната кандидатската листа.

Фер, демократски и праведни избори за 37 дена и легитимно призната влада. Поубав живот за граѓаните во Македонија, младите да останат во својата држава. Ова го порачаа лидерот на СДСМ, Зоран Заев и словенечката европратеничка од блокот социјалдемократи Тања Фајон по средбата во Скопје.
Претседателот на СДСМ најави дека до утре ќе се знаат носителите на првичната кандидатската листа. Засега само открива дека на кандидатските листи ќе има интелектуалци, граѓански активисти.
Заев тврди дека нема да коалицира со лица осомничени за криминал, зашто според него тие не требало да бидат во извршната власт.
Наташа Гркова- Петрушевска
