Штипјанка му забила кујнски нож во чело на невенчаниот сопруг
Во семејна куќа на улицата „Косовска“ во Штип ноќеска два часа по полноќ настанала расправија помеѓу Е.Д. (41) и неговата невенчана сопруга Џ.С. (45). Во еден момент Џ.С. зела кујнски нож и го фрлила кон Е.Д., кој му се забил и останал во главата, во пределот на челото...

45-годишна штипјанка, ноќеска два часа по полноќ, во текот на расправија со невенчаниот сопруг му забила нож во главата, соопшти МВР.
Во семејна куќа на улицата „Косовска“ во Штип ноќеска два часа по полноќ настанала расправија помеѓу Е.Д. (41) и неговата невенчана сопруга Џ.С. (45). Во еден момент Џ.С. зела кујнски нож и го фрлила кон Е.Д., кој му се забил и останал во главата, во пределот на челото. Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде што со хирушка интервенција му бил изваден ножот и се наоѓа вон животна опасност. Џ.С. била приведена и задржана во Полициската станица Штип.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
