Промовирана новата коалиција „ВМРО за Македонија“
Тројцата претседатели, Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски, потпишаа договор за коалицирање и ги повикаа сите слободноумни граѓани да им се придружат во борбата за соборување на сегашниот режим и за изградба на нова, демократска и економски просперитетна Македонија.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ создадена од ВМРО-Народна партија, Достоинство и Обединети за Македонија, како што беше речено на промоцијата, ќе биде трета опција на македонската политичка сцена.
Тројцата претседатели, Љубчо Георгиевски, Стојанче Ангелов и Љубе Бошкоски, потпишаа договор за коалицирање и ги повикаа сите слободноумни граѓани да им се придружат во борбата за соборување на сегашниот режим и за изградба на нова, демократска и економски просперитетна Македонија.
Од новоформираната коалиција рекоа дека листата за кандидати за пратеници сѐ уште е во фаза на изработка и дека за тоа дополнително ќе ја известат јавноста. Исто така, дополнително ќе биде презентирана и нивната политичка и економска платформа.