Годината на Коњот- лоша за преговори

03.02.2014 09:07

Кинеската Нова година е 15- дневен настан што започнува на првиот ден од Младата месечина...

Кинеската Нова година е 15- дневен настан што започнува на првиот ден од Младата месечина, оваа година на 31 јануари. Годината на Коњот ќе биде турболетна година, полна со конфликти поради неможноста луѓето да дојдат до компромис. Луѓето ќе се држат до своите принципи и ставови. Дрвната индустрија ќе има подем, но годината на Коњот е лоша за водената и металната индустрија. Астролозите предвидуваат дека ќе има вулкански ерупции на јужната хемисфера.
 
„Има 12 различни животни кои одат во круг како часовник. Оваа година е година на коњот“, вели еден од присутните.
 
„Среќна Нова Година!“
 
„Целото семејство јаде добра храна. На децата им делиме среќни пари. Танцуваме и сме среќни“.
 
Традиционално Кинеската Нова Година се обележува со парада во Кинескиот Кварт во Вашингтон. Парадата ја предводи танцот на Змејот, следен од танцот на Лавот и  чудовиштето Нан. Спектакуларни се демонтрациите на учениците на локалните Кунг Фу клубови. Улиците во Кинескиот Кварт одекнуваат од кинеска музика и петарди. Уличните продавачи продаваат реквизити на туристите и посетителите на парадата. 
 
„Носам кинеска носија. Тоа е палто викло, бидејќи е Кинеска Нова Година.“
 
На Кинеската Нова Година традиција е  боење на лицата, читање поезија и танци. Забрането е чистење на домовите, за да не се избрка добрата среќа.
Традиција е на Кинеската Нова Година да се носи црвена облека за да се избркаат лошите духови.
 
Ирина Гелевска, постојан дописник за МРТ од Вашингтон